„Илинденска кореографија“ извадија навивачите на Левски на вечерашниот реваш дуел против Шкупи од 2.квалификациско коло во УЕФА конференциската лига.
На стадионот „Герена“ во Софија, бугарските навивачи извадија транспарент на кој пишува „Илинден мајко Илинден за Бугарите – Велигден“.
На вечерашниот дуел во Софија, нема навивачи на Шкупи поради тензичната атмосфера и инцидентите што се случија на првиот натпревар во Скопје пред неколку дена.