Исплашените жители на Казан, петтиот по големина град во Русија, на социјалните мрежи споделија слики и видеа од облак кој личи на „нуклеарна печурка“, објавија локалните медиуми.
Жителите на овој град изјавиле дека во средата навечер го забележале овој мистериозен облак кој наликува на обликот создаден по нуклеарна експлозија.
Локалниот медиум Вечерњаја Казан подоцна објави дека станува збор за „кумулонимбус“ или метеоролошки феномен налик на наковалната.
Кумулонимбус е густ, вертикален облак кој содржи грмотевици, формиран од издигнување на топол, влажен и нестабилен воздух. Горниот дел од облакот често се протега хоризонтално, па облакот добива облик на наковална или печурка.
НАСА вели дека овој тип на облак е поверојатно да се формира на тропски широчини во текот на целата година и во текот на летната сезона на повисоки географски широчини.
Државната новинска агенција РИА Новости го интервјуираше портпаролот на Министерството за екологија и природни ресурси на Република Татарстан и потврди дека се работи за кумулонимбус. Тој објасни дека контроверзната „печурка“ која ги исплаши жителите е всушност само еден вид облак, пренесува Newsweek.