More

    „Нашите сонародници во Македонија со живот платија за слободата“

    spot_img

    На вчерашната официјална церемонија пред храмот „Свети Александар Невски“ по повод 120 години од избувнувањето на Илинденското востание, бугарскиот премиер Николај Денков рече дека Бугарија е повикана да ги брани вредностите на Илинденско-преображенското востание, пренесуваат бугарските медиуми.

    Како и претседателот на бугарската држава, Румен Радев, и премиерот зборуваше за заедничка историја, но со акцент на бугарскиот карактер на Илинденското востание.

    Премиерот Денков рече дека Бугарите биле движечка сила во масовното востание против Османлиската империја.

    – Неслучајно е што токму Бугарите биле движечката сила во најголемото востание против Османлиската империја во овие земји. Во географските области Македонија и Источна Тракија во тоа време тие се најбројниот и политички најактивниот дел меѓу, инаку разнородното население – рече тој.

    Според него бугарската содржина и облик на востанието, но и на целото револуционерно движење во Македонија и Одринско е признато од сите.

    – Од Османлиите, од другите етнички заедници, и од балканските соседи. Во тоа време споменот за обединување од 1885 година не е далечен. Затоа и домашните и странците јасно ја знаат природната насока на бараната целосна автономија на Македонија и Одринско до едно идно соединување. Летото во 1903 година, нашите сонародници во Македонија и Одринско ја плаќаат цената за стремежот кон слободата со илјадници човечки жртви и со многу материјални и морални опустошенија. За да се спасат над 30.000 бегалци бараат спас во родната мајка. Ние, нивните наследници, сме повикани да ги браниме тие вредности и да ги предадеме на нашите деца, кои треба да ги пренесат и во иднина – говореше Денков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img