More

    Додека се чека расплетот околу Мбапе, ПСЖ договори големо засилување во нападот

    spot_img

    Гонкало Рамос, талентираниот напаѓач на Бенфика, ќе биде новата аквизиција на Пари Сен Жермен, актуелниот шампион на Франција.

    Младиот Португалец, кој се прослави со трите гола против Швајцарија во осминафиналето на последното светско првенство во Катар, во Париз пристигнува во трансфер вреден 80 милиони евра.

    Договорот меѓу францускиот гигант и Рамос ќе биде потпишан до 2028 година. Се очекува наскоро да бидат официјализирани сите детали.

    Рамос во првиот тим на Бенфика дебитираше во 2020 година и постигна 30 гола на 64 натпревари. Тој имаше огромен придонес во освојувањето на титулата на орлите во првенството на Португалија минатата сезона.

    Според некои информации, Рамос се очекува да биде замена за Килијан Мбапе, кој треба да замине во Мадрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img