Додека најверојатно ќе го задржи нивниот заеднички дом и сите свои стотици милиони долари, актерката морала да направи една отстапка во процесот со разводот од актерот.
Кон средината на јули, само неколку денови по нејзиниот 51 роденден, медиумите пренесоа дека колумбиската актерка Софија Вергара се разведува од колегата Џо Манганиело (46).
Парот издаде заедничко соопштение во кое истакна дека се разделуваат како пријатели, дека и понатаму се сакаат и дека било тешко да се донесе таа одлука, а веднаш се појавија и шпекулации за деталите за нивниот развод.
Наводно во разводот не е вклучена трета личност, ниту емоциите згаснале, туку Софија и Џо не ја гледаат иднината на ист начин – тој би сакал да стане татко, додека таа повеќе не сака деца затоа што има возрасен син. Меѓутоа, тие среде разводот морале да се занимаваат и со старателството.
Парот веќе одредено време заедно се грижи за кученцето кое е мешавина чивава и померанец по име Баблс, а и двајцата се восхитени од него и поминуваат многу време заедно. Поради тоа некој од нив двајца ќе мора да се откаже.
Софија, според пишувањата на „Дејли мејл“ се согласила Манганиело да добие целосно старателство над нивниот домашен миленик.
И самата Вергара се пожалила дека нивниот миленик повеќе го сака нејзиниот сопруг:
„Доколку тој мора да оди на работа, а таа знае дека мора да остане со мене дома и знае дека има работа со мене, нема да има контакт со очите со мене. Таа секогаш е внимателна, скока и на најмала врева, се чини дека не ужива во времето кое го поминува со мене“, признала актерката во една емисија.
„Не е смешно, тоа е ужасно, го зеде мојот сопруг, мојот кревет. Тие спијат заедно, а јас спијам на другата страна. Стана чудно“, изјавила Софија Вергара.