Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека никогаш немал толкава поддршка и дека новото обвинение, кое беше покренато против него, го разбуди светот кога станува збор за корупцијата во САД во претходните три години.
– Ви благодарам на сите! Никогаш порано не сум имал толкава поддршка за ништо. Ова обвинение за поранешен (многу успешен) претседател и водечки кандидат во Републиканската партија и општите избори во 2024 година го разбуди светот со корупција, скандал и неуспех што се случи во Соединетите Американски Држави во последните три години – напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Тој додаде дека Америка е нација во опаѓање, но дека повторно ќе ја направи голема, „поголема од кога било“.