More

    Вучиќ и Пендаровски не можеа да одлучат чие вино е подобро

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата во Прохор Пчињски, заедно со претседателот Стево Пендаровски, отиде во Врање, за што објави три пораки на својот Инстаграм профил, јави дописникот на МИА од Белград.

    Претседателот Вучиќ со Пендаровски ја посетија винаријата „Алексиќ“ и посочи дека меѓу Србија и Северна Македонија нема отворени прашања, освен едно: „чие вино е подобро“.

    -Немаме отворени прашања со Северна Македонија, се додека не се разговара за тоа чие вино е подобро. Го донесов нашиот гостин Стево Пендаровски во винаријата „Алексиќ“ со надеж дека еднаш засекогаш ќе го затвориме и ова прашање! – објавено е на Инстаграм страницата будуќностсрбијеав.

     

    Претходно на Инстаграм профилот на будуќностсрбијеав беше објавена фотографија од двајцата претседатели кои се упатуваат кон Врање.

    – Со Стево Пендаровски на пат за Врање, каде што ќе го угостиме како што доликува – со српски специјалитети и со нашите најдобри вина. Попатно летаме над некои од најубавите делови на нашата земја и правиме планови за понатамошно поврзување и развој на нашите сестрински држави и народи. Да живее пријателството на Република Србија и Северна Македонија – беше објавено на Инстаграм профилот на будуќностсрбијеав.

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави и фотографија со претседателот Стево Пендаровски, на која тие играат шах.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img