Бугарскиот европратеникАнгел Џамбазки изрази скептицизам дека ќе се направат промени во Уставот на Македонија, бидејќи антибугарската ДПМНЕ работи да не се случат промените, пренесуваат медиумите во Бугарија.
– Големата опозициска антибугарска партија ДПМНЕ работи да не се случат овие промени, бидејќи тие имаат свои внатрешни размислувања, а првично ова политички силата беше многу време на просрпски и проруски влијанија, кои се извор на антибугаризмот. Така што јас лично се сомневам дека оваа работа ќе се случи. Наместо тоа, нивниот притисок е да ги одложат овие промени додека не започнат преговорите. Набљудувајќи го овој процес, можеме да бидеме многу скептични за можноста да се направат промените пред на каков било начин да се промени политичката ситуација во Скопје – коментираше Ангел Џамбаски пред бугарските новинари во Ќустендил.
Ангел Џамбазки неодамна ја алармираше Европската комисија и побара одговори на прашањата кога Комисијата ќе предложи прекин на преговорите со Македонија, поради неисполнување на обврските во однос на почитувањето на човековите права и како ќе реагира на таргетираното гонење на луѓето, поради нивното самоопределување.