Речиси 50.000 Украинци изгубија еден или повеќе екстремитети

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од почетокот на руската воена агресија, бројот на Украинци кои останаа без еден или повеќе екстремитети достигна 50.000, што е споредливо со обемот на ампутации во Првата светска војна, објави Волстрит журнал.

Весникот се повикува на информации од најголемиот производител на протези во светот – германската компанија „Ottobock“ и нејзини партнери.

Поради долгиот период потребен за регистрирање на пациентите по операцијата, реалниот број на инвалиди може да биде поголем. Всушност, екстремитетите на некои луѓе не се ампутираат со недели или месеци по повредата.

Изданието, цитирајќи проценки на добротворната фондација „Хоуп“, забележува дека 200.000 луѓе биле тешко повредени за време на војната, додека ампутациите често се неопходни кај околу 10 отсто од сериозните повреди, објави „Украинска Правда“.

Волстрит џурнал исто така истакнува дека протезите не се евтини, а некои цени достигнуваат и до 50.000 евра. Во исто време, украинските власти на повредените им плаќаат и до 20.000 евра. Повредените цивили тешко можат да си дозволат лекување.

Изданието потсетува дека за време на Првата светска војна, 41.000 Британци и 67.000 Германци морале да бидат подложени на ампутација на екстремитети.

Share This Article