More

    Над половина милион евра народни пари за одбележување празници

    spot_img

    Тендерите за организација на четирите државни празници до крајот на годината, како и лани, ги доби „Скопје филм Студио“, нема промена и кај организаторот на прославата за Охридскиот рамковен договор, како и на Денот на албанската азбука, а тоа е тетовската фирма „Арбериа дизајн“, настани за кои од буџетот ќе бидат дадени половина милион евра.

    Нови 100.000 евра од Министерството на Груби за „Арбериа дизајн“. Омилената фирма на ДУИ доби нов тендер од Министерсвото за политички систем предводено од Артан Груби.

    Станува збор за два договора (дела) од еден оглас и се однесуваат за прославата на Рамковниот договор. Едниот договор предвидува дека „Арбериа дизајн“ може да испорача услуги најмногу до 4.200.000 денари или 70.000 евра, а вториот – услуги до 1.800.000 денари или приближно 30.000 евра.

    Првиот договор се однесува главно на обезбедување хотелски, кетеринг и услуги поврзани со опрема за органирање настани. Според понудата која е составен дел од вториот договор, „Арбериа дизајн“ ќе наплати од министерството на Груби околу 5.000 евра за концепт за организирање на настан за 22-годишнината од Рамковниот договор.

    Слична сума е предвидена и за, како што е наведено во понудата, „стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна“ по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4.000 евра.
    Инаку, „Арбериа дизајн“ лани го доби тендерот за печатење на свидетелствата вреден 130.000 евра, а меѓу другите годинава ги организираше и настаните за ставање камен темелник на автопатите од коридорите 8 и 10д во Тетово и Прилеп.

    Додека, според договорот што е објавен од Бирото за јавни набавки „Скопје филм Студио“ која била единствен понудувач на огласот, ќе добие околу половина милион евра за организација на прославата на утрешниот празник 2 Август – Денот на Републиката, како и за 8 Септември – Денот на независноста, 11 Октомври – Денот на народното востание и за 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски.

    Според договорот, фирмата ќе добие околу 350.000 евра за „осмислување и реализација на активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настани за одбележување“ на овие четири празници и уште околу 150.000 евра за настан во врска со регионалната иницијатива Отворен Балкан.

    За втората фирма која исто така ги доби тендерите за останатите празници од Антикорупциска велат дека ќе ги разгледаат и тие тендери, но посочуваат дека секогаш договорните страни се усогласени. Од Антикорупциска прашуваат мора ли толкави високи суми да се трошат на прослави имајќи го во предвид фактот дека Македонија е сиромашна земја.

    Во еден од извештаите од мониторингот на јавни набавки на Центарот за граѓански комуникации за претходната година се наведува дека: „Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 427 милиони евра. Во извештајот се наведува дека во отсуството на конкуренција ваквата состојба води кон зголемување на ризикот во тендерите да не е добиена најдобрата вредност за потрошените пари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img