More

    Ненадејно почина хрватскиот бизнисмен Ивица Пивац, претседател на групацијата „Пивац“

    spot_img

    Вчера ненадејно почина хрватскиот бизнисмен Ивица Пивац, претседател на групацијата „Пивац“, познат производител на прехрамбени производи од месната индустрија. 71-годишниот бизнисмен му се слошило додека бил плажа, каде се обиделе да го реанимираат, но тој починал на пат кон болницата во Сплит.

    Приказната за месната индустрија Пивац започна во малиот град Вргорац во Далматинска загора во 1952 година. Како што е наведено на нивната веб-страница, компанијата започна како мал семеен бизнис, а со текот на годините прерасна во една од водечките месни индустрии во Хрватска. Компанијата има 250 малопродажни места низ целата земја. Покрај Месната индустрија Браќа Пивац, Групацијата Пивац вклучува две други компании за преработка на месо – ППК Карловац Месна Индустрија и Вајда Месна Индустрија.

    Месната индустрија Браќа Пивац објави во јануари 2020 година дека го преминала прагот од 50% од акциите во Краш. Во септември 2021 година, медиумите објавија дека Месна индустрија Браќе Пивац е купувач на голем пакет акции на Подравка продадени од пензиски фонд Ерсте. Групацијата Пивац е во сопственост на покојниот Ивица, неговиот брат Невен Пивац и на нивниот внук Миљенко.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img