More

    Почина познатиот актер Пол Рубенс кој долги години се борел со карцином

    spot_img

    Познатиот актер Пол Рубенс почина вчеравечер на 70-годишна возраст. Актерот долги години се борел со карцином.

    Најпознат е по улогата на Пи-ви Херман, кој исто така служеше како негово алтер его, фиктивно алтер его.

    Веста за смртта на актерот доаѓа од „Дејли мејл“. Актерот, инаку, го следеа застрашувачки обвинувања..

    Пол Рубенс ја започна својата кариера во 1970-тите како член на комичната трупа „The Groundling“, каде што во 1981 година создаде лик што подоцна го претставуваше пред театарската публика. Славата ја стекна во 1985 година со споменатата улога.

    Шест години се бореше со ракот, а јавноста до сега не знаеше за тоа.

    „Ве молам прифатете го моето извинување што не го објавив јавно она со што се занимавам во последните шест години. Отсекогаш сум чувствувал голема количина на љубов и почит од моите пријатели, обожаватели и симпатизери. Сите ве сакав многу и уживав да создавам уметност за вас“, напишал тој во пораката што неговото семејство ја објави по неговата смрт.

    На инстаграм-профилот на актерот е објавено следново: „Синоќа се простивме од Пол Рубенс. Култниот американски актер, комичар, писател и продуцент, чиј сакан лик Пи-Ви Херман воодушеви генерации деца и возрасни со својата позитивност, каприциозност и верба во важноста на добрината. Пол со години храбро и во тајност се бореше со ракот со својата препознатлива упорност и духовитост. Неговиот талент ќе живее засекогаш во пантеонот на комедијата и во нашите срца како скапоцен пријател и човек со извонреден карактер и великодушност на духот.“

    На неговата репутација и кариера значително влијаеше инцидентот во 1991 година кога беше уапсен поради недолично однесување во порнографско кино, како и во 2002 година кога беше обвинет за поседување детска порнографија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img