Лили Роуз Деп, 24-годишната актерка и ќерка на славниот Џони Деп е во врска со раперката Даниел Балбуена, позната и под прекарот 070 Шејк.
Ѕвездата на серијата „Идол“ носела краток син топ со шорцеви кои ги истакнувале нејзините витки нозе, а нејзината девојка носела црвен НФЛ дрес со широки црни панталони.
Инаку, раперката и актерката ја обелоденија својата врска во јануари оваа година, откако Лили-Роуз објави фотографија на која двете се бакнуваат.
„Четири месеци со својата симпатија“, додала таа во описот на фотографијата.
„Дејли мејл“ претходно објави дека славниот татко на Лили Роуз ја одобрил најновата врска на својата ќерка. Извор близок до неа открил дека „Лили верува дека е вљубена и не постои ништо повеќе од она што Џони го сака на овој свет, освен таа да сака и да биде сакана од некој кој ја заслужува“.
Според изворот, актерот ја „одобрил“ 070 Шејк, кој инаку не е обожавател на поранешните партнери на својата ќерка.
„Џони исто така мисли дека е супер што неговата ќерка е со музичар бидејќи и тој е музичар“, додал изворот.
Лили Роуз Деп ја опишала раперката како „љубовта на својот живот“ во објава на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм