More

    Тешки борби во североисточниот дел на Украина

    spot_img

    Во неделата се водеа тешки борби во североисточниот дел на Украина, а силите на Киев ги држат борбените линии и постигнуваат успешен напредок во некои области, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на тврдењата на висок украински функционер.

    Во исто време, руската армија објави дека ги запрела украинските сили на североисток и дека три украински беспилотни летала биле соборени во обид да ја нападнат Москва, наведува британската агенција.

    Украина директно не ја презеде одговорноста за нападите со беспилотни летала, но украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека војната „постепено се враќа на руската територија – во нејзините симболични центри“.

    Зеленски ја опиша неделата како „добар“ и „моќен ден“ на фронтот, особено во близина на Бахмут, каде што украинските сили тврдат дека ја враќаат територијата изгубена во мај кога руските сили го зазедоа градот.

    Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малијар рече дека руските сили „се обидуваат да ги истераат“ украинските војници од позициите на североистокот кои беа окупирани од Москва по инвазијата во февруари 2022 година, но подоцна беа повторно преземени од украинските војници.

    Клучната задача на Русите, изјави Малијар за националната телевизија, била „да го одвлечат вниманието на нашите сили од областа Бахмут, каде што имаме успешна офанзива“.

    „Неделава бескрајно напаѓаа. Но, нашите војници се спротивставуваат на нападите и понекогаш ги враќаат назад со големи загуби“, британската агенција ја цитира изјавата на украинскиот заменик министер.

    Украина започна контраофанзива минатиот месец, фокусирајќи се на кампања кон југ за да ги одвои руските сили кои држат територии на исток и анектираниот полуостров Крим и да добијат терен околу окупираниот Бахмут, според Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img