Војната доаѓа во Русија, во нејзините стратешки центри и воени бази, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот со беспилотно летало во деловната област на Москва.
– Војната постепено доаѓа на територијата на Русија, во нејзините културни центри и воени бази и тоа е неизбежен, природен и апсолутно праведен процес. Украина станува посилна – рече Зеленски за време на неговото секојдневно обраќање на маргините на неговата посета на областа Ивано-Франковск во западниот дел на Украина.
Русија во неделата наутро објави дека одбила два одделни напади со украински беспилотни летала во текот на ноќта. Целта на едниот напад бил анектираниот полуостров Крим, а на другиот била Москва.
Во руската престолнина, чиј меѓународен аеродром беше накратко затворен, лесно се оштетени две канцелариски кули во главната деловна област на градот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во нападот на Москва учествувале три беспилотни летала, од кои едното било соборено, а останатите две биле „неутрализирани со електронско војување“.