More

    Таравари вели дека глупост е за Македонците шеф на држава или премиер да биде Албанец

    spot_img

    Околу 30 отсто од жителите на Северна Македонија припаѓаат на албанска националност, но и покрај постојните договори за соживот со Македонците, тие продолжуваат да бидат дискриминирани, вели за Топ чанел градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

    Тој во интервјуто ги покажува промените кои се направени и кои треба да се постигнат во интеграцијата на Албанците.

    – Одете во скопските населби, населени со Македонци, и ќе видите дека тој е град можеби меѓу најдобрите во регионот. Ако отидете во областите каде што живеат Албанци, на пример во Чаир, Бутел и Сарај, ќе видите дека сте во друг свет – истакна Таравари.

    И покрај фактот што речиси половина од владиниот кабинет во Северна Македонија го сочинуваат министри Албанци, Таравари вели дека дискриминацијата е очигледна.

    – Но, повторно, за Македонците е глупост Албанците да водат одредени позиции, на пр. во специјалната полициска единица не може Албанците да бидат припадници на тие единици, министерот за внатрешни работи на Македонија е глупост да биде Албанец, премиерот е глупост да биде Албанец, за шефот на државата не се ни разговара – вели претседателот на Алијанса.

    Но, Таравари има за цел да постигне некакви промени во корист на Албанците со уставните измени што ќе се направат.

    – Алијансата за Албанците упорно ќе инсистира албанскиот јазик да се дефинира како што треба, не процентуално, туку да биде официјален, да биде албанскиот и македонскиот јазик, а не македонскиот јазик и јазикот што го зборуваат повеќе од 20% – рече Таравари.

    Но, за да се дојде до промените треба да се работи, додава првиот човек на албанската алијанса, и стратегија и поддршка од државата Косово и од Албанија.

    – Албанија и Косово имаат обврска заедно со Академијата на науките и уметностите во Албанија и Косово да направат стратегија што никогаш не ја направиле. Краткорочна, среднорочна и долгорочна стратегија за синхронизирање на акциите на Албанците во регионот каде што живеат – смета лидерот на Алијанса.

    За правата на албанската заедница во Северна Македонија и подостоинствен третман, Арбен Таравари вели дека се потребни промени и кај албанските партии кои се стремат кон нив веќе 20 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img