More

    Османи тврди дека им фалат уште осуммина за да гласаат „за“

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека е добро што во Собранието почна расправа за уставните измени и што фокусот е ставен на содржината на овие измени. Според него, некоректно е оваа важна тема да се киднапира поради партиските агенди на политичките партии.

    – Не гледам реакција од јавноста, од граѓаните, од експертиските групи за содржината на уставните измени. Ако имаше проблем со уставните измени, досега ќе вриеше од прес-конференции, ставови на различни експертски групи и невладини организации дека има нешто проблематично во уставните измени. Најважно е да се вратиме на содржината на измените и да видиме дали има нешто проблематични – рече Османи на денешната прес-конференција.

    Според Османи, недостигаат околу осум пратеници за потребното мнозинство за гласање на уставните измени.

    Во однос на барањата на опозицијата, Османи рече дека ДУИ е подготвена веднаш да потпише дека ќе излезе од Владата доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.

    – Сите нивни барања ги прифативме. Бараа ДУИ да излезе од Владата. Ставот на ДУИ е јасен, одлуката ќе се активира дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа. Дури може сега да ја потпишеме со одложено дејство и таа да влезе во сила дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени – рече Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img