More

    Земјоделците од овчеполието бараат вода

    spot_img

    Земјоделците од Овчеполскиот регион го блокираа регионалниот пат Велес-Штип кај крстосницата кон Свети Николе. Тракторите, земјоделската механизација ги поставија на коловозната лента. Земјоделците велат дека едно и единствено барање е да добијат вода во системот за наводнување, со цел да ги спасат своите земјоделски култури.

    – Министерот со директорите да дојдат и да ни кажат зошто во годината кога Калиманци прелива ние немаме вода за наводнување, но и да ни кажат дали е вистина дека е донесено одлука за зголемување на наплата за водарина – вели Митре Николов, земјоделец.

    Земјоделецот Златко Здравсковски дополни дека е донесена и одлука водарината да се зголеми за 78 проценти, а тие немаат вода до нивните ниви.

    Пред неколку дена, земјоделците од Овчеполскиот регион добија ветување дека вода ќе пристигне во овој регион и дена наводнувањето ќе се одвива согласно планот и потпишаната спогодба меѓу ХС Водостопанство „Брегалница“ и земјоделското здружение „Овчеполски аграр“. Посочуваат дека нема доволен доток на вода и притисок за да ги наводнуваат површините со пченка, детелина, лозја и други култури.

    – Ние немаме бавчи за да наводнуваме со црево. На нас ни треба вода 4-5 бари притисок во каналската мрежа за да можеме да наводнуваме – вели Николов.

    Земјоделците од Овче Поле денеска добија и поддршка од оризопроизводителите од кочанско кои се пожалија дека и кај нив полињата буквално горат за вода. Пред два дена поради истиот проблем, протестираа и земјоделците од карбинско.

    Како поддржувач, на собирот присутен е и претседателот на Комисијата за земјоделство од ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

    – Земјоделците протестираат заради немањето вода за наводнување на околу 1000 хектари земјоделско земјиште во ситуација која браната Калиманци е полна до преливање. Дополнителен причинител за протестот е и тоа што АД Водостопанство ќе им ја зголеми цената на водата за наводнување за над 70 отсто, а водата не стига до земјоделците на полето – рече Трипуновски.

    Според него, ова е само уште еден доказ за негрижата на Владата и Министерството за земјоделство за македонските земјоделци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img