More

    Ќе се разгледуваат бугарските забелешки на нашите учебници

    spot_img

    Во Скопје денеска продолжува втората од предвидените пет средби за оваа година на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. На дневен ред се забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.

    Копретседавачот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија, Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите.

    Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време.

    Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера го повтори ставот, изнесен на состанокот во понеделникот во Софија на шефовите на влади на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, на кој присустуваше и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, дека очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Северна Македонија и Бугарија да излезе со резултати.

    Според најавите, во текот на 2022 година би требало да се одржат 5 средби на Комисијата. Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на 5 личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img