Зеленски потпиша закон за празникот Божиќ да се слави на 25 декември

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Ukrainian President Volodymyr Zelenskiy attends a service commemorating victims of World War II at the Saint Peter and Paul Cathedral with Polish President Andrzej Duda, amid Russia's attack on Ukraine, in Lutsk, Ukraine July 9, 2023. REUTERS/Alina Smutko/File Photo

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закон за промена на датумот на државниот празник Божиќ во Украина од 7 јануари на 25 декември, како дел од напорите за „откажување од руското наследство“, јави Киев Индепендент.

Според новиот закон, Денот на украинската државност ќе биде поместен од 28 јули на 15 јули, а на 1 октомври наместо на 14 октомври ќе се одбележува Денот на бранителите на Украина и Покров на Пресвета Богородица.

Независната (автокефална) православна црква на Украина вчера го усвои новиот јулијански календар, а промената ќе стапи во сила на 1 септември.

Тоа значи дека датумот на верските прослави на Божиќ ќе се помести од 7 јануари на 25 декември.

До неодамна, и Православната црква на Украина и украинските гркокатолици го користеа само јулијанскиот календар, кој го користеше и Руската православна црква.

„Украинскиот народ долго време беше подложен на руската идеологија во речиси сите животни сегменти, па дури и Божиќ се славеше според јулијанскиот календар“, се наведува во образложението на одлуката што ја изгласаа пратениците во Државната Рада во средината на јули.

Во текстот се вели и дека „силното заживување на украинската нација продолжува и дека постојаната борба за сопствениот идентитет придонесува за свеста и желбата на секој Украинец да живее во согласност со традицијата и свои празници“.

Share This Article