Научниците и климатолозите во нова студија штотуку потврдија дека неочекуваните пеколни историски температури годинава во следните децении ќе резултираат во „пресвртен настан“ кој може да значи големи поплави за светот, пишува Њујорк Тајмс. Ваков „пресврт“ со поплави на Земјата последен пат имало во Леденото доба пред 12.800 години.
Причината овојпат е запирањето на поморските струи, меѓу кои една голема струја во Атлантскиот Океан наречена АМОС.
А пред 12.800 години, во последното Ледено доба се чини дека нашите претци кои преживеале оставиле аманет и предупредување за ова во една камена населба во локалитетот Гобекли Тепе во Турција. Тој е толку стар што археолозите, од легитимни причини, не знаат како да го класифицираат, иако постојат прилично интересни толкувања за тоа што е напишано на овие камења и како тоа се поврзува со катастрофата што можеби нѐ очекува сега.
Додека археолошката фела е поделена и генерално молчи во врска со интерпретацијата на овој турски „Стоунхенџ“, најстар локалитет пронајден досега на Земјата, еден истражувачки новинар и авантурист по име Грахам Хенкок во својата документарна серија на Нетфликс интерјвуираше археолог, еден од оние кои сметаат дека на каменот 43, меѓу останатите фасцинантни оставштини е прикажано парче небо кое коресподира на тоа како соѕвездијата биле наместени пред 12.800 години и дава порака од некоја стара цивилизација, многу постара од Египет или Вавилон.
Животните исклсани на каменот 43, меѓу кои и некоја птица, шкорпија, мршојадец, змија, некакво куче кореспондираат со соѕвездијата и хороскопските знаци. Мршојадецот може да е древна престава на созвездието стрелец, а змијата 13-тиот хороскопски знак Офиукус. Несомнено е дека Гобекли Тепе било битна астрономска опсерваторија. Кругот во центарот на стената можеби го претставува сонцето. Но, според Хенкок, оној што дошол и го изградил Гобекли Тепе преживеал страшна поплава, а ја доживеал истата како некаква светска апокалипса.
Најинтересното? Единствениот можен настан на небото кој би можел да предизвика такви бури и Ледено доба во тоа време се една група метеорити наречени Тауриди. Тезата за овие Тауриди, која припаѓа на астрофизиката, се поврзува со приказната за Гобекли Тепе.
Секако, постојат и други датуми кога небото било ваква поставено во историјата, тоа се 2.000 н.е. при зимската краткоденица, 4.350 п.н.е. при есенската рамноденица, 10.950 п.н.е. при летната краткоденица и 18.000 п.н.е. при пролетна рамноденица. Науката допрва треба да каже дали датумот 10.950 години, односно 12.950 ако ги земеме и оние 2023 години од нашата ера е точниот датум кој е прикажан на каменот.
Она што е интересно, барем во серијата „Античка апокалипса“ на Нетфликс е дека многу слични вакви клучеви се наоѓаат на заборавени археолошки наоѓалишта низ светот вклучувајќи го Гунунг Паданг во Индонезија, Чолула во Мексико…Дали се ова местата каде преживеаните со „арката на Ное“ дошле и ја продолжиле човековата цивилизација?
Во филмот „Рапа Нуи“ од 1994 година кој зборува за цивилизација кој живеела на Велигденските Острови и ги изградила големите статуи Моаи има една многу интресна конотација кон Ледено Доба. На крајот на филмот кога завршува големиот натпревар за поглавар на племето поглавицата кој бидува сменет загледува голема санта со мраз во океанот велејќи „еве го белото кану“. Се смета дека овие луѓе верувале во белото кану.
Но, гледано археолошки сличностите меѓу она што е изгравирано на грбот на големите човечки статуи Моаи е симболички многу слично со она што го наоѓаме на кобниот камен 43 од Гобекли Тепе во Турција. Тоа може да се види на следната слика.
Се чини дека каменот 43 е камен на сопнување за археолозите и голема мистерија. Но, во меѓувреме климатолозите се сѐ посигурни дека поплавите, на овој или на оној начин ќе дојдат.
– Тоа се случува овде и сега – предупредува Сузан Дитлевсен, данска научничка и професорка по статистика на Универзитетот во Копенхаген.
Таа е авторка на труд објавено во вторникот во списанието Nature Communications.
Според неа има доволно наоди дека климатскиот „распад“ повеќе не е апстрактна далечна закана. Научниците дошле до овој заклучок следејќи како се однесува главната струја во Атлантскиот Океан. Таа струја ги носи топлите струи кон Гренланд и северните мориња каде што тие потоа потонуваат во длабокот и дозволуваат морето на површината да се излади. Но, нејзината работа сега е попречена од пеколните температури кои на планетата се регистрирани ова лето.
Њујорк Тајмс пишува за важноста на оваа струја. Работите брзо се менуваат. Како што Гренланд се топи тој додава свежа и ладна вода на југ, а тоа ја забавува струјата и го нарушува балансот. Ова значи дека нагло ќе се појават екстремни температури на разни краеви на планетата, а поплавите ќе бидат секојдневие. Со топењето на Јужниот пол пак многу древни вируси повторно ќе оживеат меѓу нас.
Добрата вест? Климатолозите уште не се договориле дали овие страшни последици ќе се слуат пред 2.100 година, пишува Њујорк Тајмс.
Потребни се уште истражувања и уште статистика.