More

    Спасовски тврди дека казнил функционери за непочитување на сообраќајни правила

    spot_img

    Флешери на возилата имале градоначалници, министри и раководители, но во минатото, сега не, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали вакви уреди има и на возилата и на членови на СДСМ, како што беше случај со запаленото возило, кое медиумите го поврзуваат со првиот вицепремиер Артан Груби.

    – Дали имало во политички партии? Имало. Дали имало и во СДСМ? Имало едно време. Меѓутоа, сега не смеат да се осмелат поради тоа што знаат дека исто ќе реагираме како и за секој друг. Така што, имало и градоначалници и министри и раководители коишто имале такви уреди за коишто платиле казни – вели Спасовски.

    – Знаете, ако погледнете во целиот период додека јас раководам со полиција ќе најдете прекршочна казна за неколку министри за непочитување на сообраќајни правила и прописи. Со тоа ја праќаме пораката дека нема селективност. Мораме сите да ги почитуваме законите – вели Спасовски, потенцирајќи дека сите се согласни оти ни потребен ред во државата.

    Министерот за внатрешни работи додаде и дека треба да се почитуваат законите, како и да се почитува редот кога ќе се добие термин за патни исправи и доколку полицијата утврди нечиј прекршок, тогаш не треба да се бара помош, туку да се сноси одговорност без разлика кој е, дали е носител на функција или е кој било обичен човек.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img