More

    Професорот министерската фотелја ќе ја замени со амбасадорска

    spot_img

    Поранешниот министер за правда професорот Никола Тупанчевски дефинитивно заминува во Белград каде наредните 4 години ќе биде амбасадор на Македонија во Србија, објави порталот Експрес.мк.

    Како што пишуваа медиумот, властите во Србија пред околу два месеци издале агреман за Тупанчевски, па така што тој заминува во главниот град на нашиот северен сосед.

    Тупанчевски беше министер за правда само околу една година и беше сменет без никаква посебна причина, откако на негово место дојде Кренар Лога при влезот на Алијанса за Албанците во владата. Професорот се повлече од тоа место мирно затоа што најверојатно како компромис му била дадена амбасадорска функција.

    Инаку за другите амбасадори кои треба да се упатат во странство агремани од државите домаќини стигнале уште за Шпенд Садики, кој ќе биде амбасадор во Тел Авив, Израел.

    Агремани од земјите домаќини сѐ уште чекаат за кадарот на ДОМ Емил Крстевски за Прага, Џенек Сејфула за Стокхолм, Јасмин Ќахил за Варшава, Јакуп Реџепи за Сараево и Андреј Жерновски, кадар на СДСМ кој треба да биде амбасадор на Македонија во Букурешт, Романија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img