More

    Искасапен аргентинскиот крипто-богаташ Алгаба

    spot_img

    Деца во аргентинскиот град Ингениеро Баџ пронајдоа делови од телото на исчезнатиот 41-годишен инфлуенсер и крипто милионер Фернандо Перез Алгаба минатата недела, а полицијата почна истрага за неговото убиство, пишува Њујорк пост.

    Играле фудбал, откриле црвен куфер

    Исчезнувањето на инфлуенсерот било пријавено во вторник на 18 јули. Во неделата, 23 јули, група деца кои играле фудбал откриле црвен куфер во близина на потокот во Ингениеро Баџ.

    Децата ја известиле полицијата за она што го нашле, а кога стигнале на местото каде што бил пронајден куферот, полицајците забележале дека во него се нозете и рацете на инфуенсерот.

    Торзото и главата на Алгаба беа пронајдени оваа недела, објави Ел Паис. Полицијата во Буенос Аирес соопшти дека успеала да ја идентификува жртвата благодарение на тетоважите и отпечатоците од прсти.

     

     

    Прво застрелен, потоа искасапен

    Наведено е дека делови од телото се прецизно ампутирани, што покажува дека убиството го извршил „професионалец“. Пред да биде распарчен, Алгабе бил застрелан три пати, покажала обдукцијата.

    Алгабе живеел во Барселона, а во Аргентина дошол една недела пред да биде убиен. Тој престојувал во зграда под кирија. Требало да ги врати клучевите од имотот во среда на 19 јули. Полицијата уапси осомничен во врска со неговото убиство.

    Ако нешто ми се случи, сите сте предупредени

    Трговската компанија за криптовалути на Алгаба, со седиште во Буенос Аирес, „Motors Lettuce SRL“, била во сериозни долгови, според аргентинската даночна агенција. Според медиумиот Ла Насион, непосредно пред да исчезне оставил порака на телефонот за губење на многу пари во различни крипто инвестиции.

    Тој алудирал на добивањето дебел заем од аргентинската банда Бара Бравас и напиша: „Ако нешто ми се случи, сите се предупредени“.

    Во интервју за локалните медиуми, неговиот брат Родолфо Перез Алгаба инсистираше на тоа дека тој не е измамник и дека едноставно има лошо искуство кога станува збор за тргување со криптовалути.

    – Три дена сум овде, едвај спијам, си го лупам мозокот како можеше да се случи ова. Нема да седам мирно, се надевам дека правдата ќе биде задоволена – изјави братот на убиениот инфлуенсер, пишува Њујорк пост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img