More

    ЗАПЛЕНЕТИ 98 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА

    spot_img

    Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин Богородица запленија 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата.

    На 26.07.2023 година околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците, во лична ташна на еден од патниците царинските инспектори откриле непријавени 4 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале вкупно 100.000 евра.

    Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра – износ што резидент може да го изнесе без да го пријави, а останатите 98.000 евра се привремено одземени.

    Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img