Пет лица се полесно повредени во хеликоптерската несреќа на грчкиот остров Самос кога приватен хеликоптер при слетувањето удрил во пистата и се превртел.
Хеликоптерот доаѓал од Парос и летал за Турција, а на Самос слетал за да наполни гориво.
Според ЕРТ, пилотот и патниците во хеликоптерот се полесно повредени.