More

    Бугарските медиуми пренесуваат дека во инцидентите во кои беа вклучени навивачите на Левски, еден од нив се здобил со потешка повреда, бил прободен со нож

    spot_img

    Бугарските медиуми пренесуваат дека во инцидентите во кои беа вклучени навивачите на Левски, еден од нив се здобил со потешка повреда, бил прободен со нож.

    Настанот бил дел од оние немири кои се случија во населбата Чаир, уште на повеќе од два часа пред почетокот на натпреварот Шкупи – Левски, кога локалните жители напаѓале бугарски автомобили, а очигледно дошло и до директна пресметка.

    Според бугарските медиуми, некои од навивачите биле вадени од автомобилите и тепани, а еден од нив бил прободен со нож. Веднаш бил пренесен во „Мајка Тереза“, каде што му била укажана прва помош.

    Според „БТН“, навивачот не бил во животна опасност, но некои медиуми, како „Нова“, велат дека тој се борел за живот.

    Бугарските навивачи влегоа во пресметка и со полицијата, непосредно пред стартот на наптреварот, во поттрибинскиот простор на арената „Тодор Проески“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img