More

    СТУДЕН ТУШ ОД ЏАФЕРИ ЗА МЕЏИТИ, КОЏАЏИКУ И ЗА РЕЏЕПИ

    spot_img

    Претседателот на Собранието, Талат Џафери, прими известување од пратениците Изет Меџити, Мерита Колчи Коџаџику и Кастриот Реџепи дека ќе дејствуваат како независна група пратеници и во истото известување предлагаат координатор и заменик координатор, но како што предвидува Деловникот на Собранието, за формирање пратеничка група се потребни најмалку петмина пратеници, информираше собраниската прес-служба.

    „Претседателот Џафери, веднаш по добивање на известувањето, писмено ги извести дека: согласно член 33 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Пратеничката група ја сочинуваат најмалку пет пратеника кои припаѓаат на една или на повеќе политички партии. Следствено на горенаведената одредба, немате можност да формирате пратеничка група, ниту да определите координатор и заменици координатори.
    Воедно, Ве известувам дека во Собранието на Република Северна Македонија со писмено известување до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија може секој индивидуално (лично) да го достави известувањето за делување како независен пратеник, така што, поради горенаведеното, нема можност за понатамошно процесирање на известувањето“, се вели во собраниското соопштение.

    Претходно, пратениците Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи го информираа Џафери дека отсега ќе делуваат како независни пратеници, но и дека координатор на нивната независна пратеничка група ќе биде Кастриот Реџепи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img