Најголема поддршка во актерството Марго Роби (33) ја има од својата мајка Сари Кеслер, која подигнала хипотека на куќата за да ѝ помогне на ќерка си да ги оствари соништата.
Австралиската Барби ја започна својата кариера во сапунската опера „Соседи“ што ја доведе до улога во „Волкот од Волстрит“. Во интервју за „Си-би-ес сандеј морнинг“, Марго се присетила како ѝ се оддолжила на мајка си веднаш штом ги заработила првите големи пари, пренесува „Пипл“.
– Запишував што ѝ должам, секогаш чувствував дека тоа морам да ѝ го вратам. Кога заработив доволно, целосно ја исплатив хипотеката – изјавила Роби.
– Си помислив: ’Мамо, немој повеќе да се грижиш повеќе за таа хипотека. Повеќе не ни постои’. Мислам дека секој би го направил тоа за својата мајка – додала таа.
Инаку, пред неколку години, нејзината мајка во интервју за австралиски „Вог“ откри дека малку била шокирана од нејзината желба да стане актерка.
– Навистина се восхитував на начинот на кој таа одлучи дека ќе се одвива нејзината иднина. Се сеќавам на првиот пат кога ми кажа дека ќе биде актерка – рекла таа.
.- Бев многу загрижена што има намера да тргне по пат кој, според мене, немаше многу голема иднина – изјавила мајката на Марго.
– Потребна ѝ беше повеќе верба во она што може да го постигне, среќна сум поради неа – додала мајката на Марго.