Вработените во новинската агенција МИА цел месец чекаат барањето за зголемување на платите да биде ставено на седница на Влада, а велат дека првпат во 25 години постоење на агенцијата се принудени да протестираат. На денешниот протест Марина Илиевска од агенцијата нагласи дека ако барањата не бидат исполнети и продолжи како што рече, игнорантскиот однос од Владата, протестите ќе траат и ќе се радикализираат.
Според неа средстава за покачување на платите во МИА веќе биле предвидени во финанскискиот план за 2023 година, што значи дека државното ќесе нема дополнително да биде оптоварено.
Протестот се организираше и со помош на синдикатот ССНМ – Самостоен синдикат на новинарите и на медиумските работници и на СМИА – Синдикато на медиумските информативни агенции. Претседателот на синдикатот, Павле Беловски истакна дека тие даваат целосна поддршка на протестот и го најави можното решение на проблемот.
– Нема да застанеме тука, ќе најдеме трајно решение за МИА. Проблемот тлее 25 години со оглед дека МИА е во вазална состојба секогаш кон Владата. Ние имаме решение, знаеме како. Ќе истраеме. Тоа е преку носење закон за МИА со кој еднаш засекогаш ќе се раскине таа врска на финансирање МИА-Влада-Медиуми, а буџетирањето на МИА ќе биде со однапред договорен процент кој ќе го плаќаат граѓаните, што значи, граѓаните ќе ги плаќаат содржините коишто ги произведува МИА, а не Владата. Се надевам дека многу брзо ќе седнеме на маса и ќе зборуваме за закон за МИА – нагласи Беловски.
фото: МИА