Патник починал утрово на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград додека чекал да го земе багажот на летот од Чикаго.
Српските медиуми објавија дека на патникот кој слетал од Чикаго, му се слошило додека чекал. Лекарите од амбулантата на белградскиот аеродром реагирала во најкус можен рок, но и покрај реанимацијата, патникот за жал починал.
Според неофицијални информации, семејството на несреќниот маж го чекало на аеродромот.