Претседателот на Собранието, Талат Џафери, смета дека гласањето за уставните измени треба да се одложи додека не се обезбеди потребното мнозинство од 80 гласа, дури и ако се исцрпи расправата на пленарна седница.
– Можно е за уставните измени кога ќе дојдат на пленарна седница да се исцрпи расправата, но да се одложи гласањето додека не се обезбеди потребното мнозинство од 80 гласа – најавил Џафери на денешниот брифинг со новинарите, пренесува ТВ21.
Според претседателот на Собранието, сѐ ќе зависи од моменталната состојба
– Се зависи од моменталната состојба односно дали ќе има обезбедено 2/3 мнозинство. Ова не е ништо ново бидејќи имало вакви случаи и за закони – појаснува Џафери.