Системот на федерални резерви (ФЕД), централната банка на САД, вчера одлучи уште еднаш да ја зголеми каматната стапка за 0,25 процентни поени. Така, референтната каматна стапка за долари беше зголемена од 5,25% на 5,5%, што е највисоко ниво во последните 22 години
Комитетот за операции на отворен пазар (FOMC) соопшти дека ќе продолжи да го следи влијанието на оваа одлука врз економската активност и ќе ја приспособи монетарната политика доколку се загрозени целите на ФЕД во однос на инфлацијата и вработувањата.
Инфлацијата во САД падна на 3% во јуни, но ФЕД одлучи повторно да ја зголеми каматната стапка по паузата во јуни. Од април 2022 година до сега, ФЕД ја зголеми основната каматна стапка од 0,5% на 5,25-5,55%.
Европската централна банка (ЕЦБ) се очекува да донесе одлука за уште едно зголемување на каматните стапки на состанокот на Управниот совет денеска во Франкфурт.
Пазарите очекуваат пораст од 0,25%, како продолжение на напорите на ЕЦБ за ограничување на инфлацијата во еврозоната.
Доколку се донесе очекуваната одлука, тоа би било деветто зголемување на каматните стапки на ЕЦБ во изминатата година, ставајќи крај на долгиот период на рекордно ниски каматни стапки. Во текот на изминатите 12 месеци главните каматни стапки на ЕЦБ се зголемени за 4%.
Минатиот јули, ЕЦБ почна да ги зголемува трошоците за задолжување за да се бори против растечките цени, со што започна најагресивниот циклус на зголемување на каматите во историјата на банката. Каматната стапка на депозитите оттогаш се зголеми од 0,25% на 3,75%.
Иако инфлацијата во еврозоната беше 5,5% минатиот месец, што е намалување во однос на мај кога беше 6,1%.