More

    Македонските муслимани ги имаше во пописот, а ги нема во резултатите

    spot_img

    Алијанса за Албанците има многу забелешки за спроведениот Попис 2021. Пописот е државен интерес, а не владин интерес. Требаше да има комисија која ќе ги обработи податоците и да ги соопшти пред јавноста, а не тоа да остане во рацете на директорот и заменик-директорот, без разлика дали им се врзани потписите или не, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во Собранието, пренесе ТВ21.

    Според Села, во објавените резултати има работи кои се противзаконски, како што за попис беа предвидени етнички заедници кои се противуставни и не постојат.

    – Македонските муслимани ги имаше во пописот, а ги нема во резултатите. Колкав е нивниот процент и каде е пресметан тој процент? Во пописот учествуваат сите етнички заедници кои се предвидедни во Преамубалата на Уставот или ако тоа треба да се дозволи за сите не мора да стои една или друга етничка заедница, туку да стојат сите. Овој момент го прави противуставен Пописот и става недоверливост на резултатите поради тоа што немаме одговор каде се регистрирани – рече Села.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img