Врие во Нигер, гардата тргнала против републиката

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кабинетот на претседателот на Нигер, Мохамед Базум денеска соопшти дека членовите на претседателската гарда почнале операција против републиката и оти Армијата е подготвена да ги нападне, „ако не се опаметат“.

По информациите дека членовите на претседателската гарда го држат Базум во претседателската палата во главниот град Нијамеј, која утрово ја блокираа, претседателството на својот Твитер профил соопшти дека припадниците на гардата „неуспешно се обиделе да придобијат поддршка од другите безбедносни сили“.

Во соопштението се наведува дека Базум и неговото семејство се добро, пренесува Ал Џезира.

Блокиран е и пристапот до министерствата покрај палатата, а вработените во претседателската палата не можеле да влезат во нивните канцеларии.

Весникот „Жан Африк“ пишува дека претседателската гарда ја предводи генералот Омар Чиани, кој служеше во времето на поранешниот претседател на Нигер, Махамаду Исуфу.

Базум го остави Чиани на функцијата откако дојде на власт. Медиумите објавија дека претседателот во последните денови размислувал да го испрати генералот во пензија.

Бола Тинубу, претседател на соседна Нигерија и нов претседавач на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС), ја нарече ситуацијата во Нигер „непријатен развој“ и рече дека веќе е во „блиска консултација“ за ситуацијата со другите лидери во регионот.

Share This Article