Се чини дека американскиот претседател Џо Бајден во вторникот тврдеше дека неговата администрација излечила рак.
– Ако има едно нешто што би направил Џо што би било тоа? Велам, би го нашол лекот за рак. Ме гледаа во стилот „а, зошто рак“? Затоа што никој не мисли дека можеме. Затоа. А ние можеме. Му ставивме крај на ракот, онаков каков што го познаваме – рече Бајден за време на говорот во Источната соба на Белата куќа.
Бајден требаше да зборува за проширување на пристапот на Американците до грижа за менталното здравје. По забелешката за ракот, тој продолжи да зборува за здравствената заштита на воените ветерани, која ја води федералната влада.
Чудното тврдење беше брзо забележано од републиканците, кои често го обвинуваат 80-годишниот демократ дека се однесува како да е погоден од деменција.
– Бајден само што им кажа на сите дека излечил рак. Чувствувам дека за ова барем ќе добиеше соопштение за печатот – се шегува конгресменката Лорен Боберт од Колорадо.
Кристијан Колинс, активист од Тексас на Твитер се пошегува:
„Бајден го излечи ракот на ист начин како што маршираше за граѓански права, беше уапсен обидувајќи се да го види Нелсон Мандела, израснал во црната црква, израснал во порториканската заедница, бил професор на УПен, ја изградил најголемата економија во светот и никогаш не разговарал со својот син за бизнис“.