Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА.

– Достави известување за оставка од лични причини – велат од Судскиот Совет.

Оттаму дополнуваат дека неговата оставка е констатирана.

– Драго ми е што беше разбран категоричниот став од колегите дека законски не е возможно судија да биде избран во ситуација кога член од семејството е избран во Судскиот совет – искоментира судијката Весна Дамева.

Георгиев денеска заедно со неговата колешка Антоанета Димовска требаше да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери во 9.30 часот, но Собранието ја одложи за во 14 часот.

Неофицијално, тоа се направило тактички за во меѓувреме да се избере за судија синот на Георгиев на закажаната седница во Судскиот совет.

Според Членот 43, став 4 од Законот за судовите „за судија или судија поротник не може да биде избрано лице кое со член на Судскиот совет на Република Македонија е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар“.

Судскиот совет денеска избра 25 нови судии за повеќе основни судови, како и за Основен кривичен суд – Скопје.

По првиот оглас од Службен весник бр.73/23 беа избрани тројца судии во Основниот суд Битола, еден во Основниот суд Свети Николе, еден во Основниот суд Струмица и двајца во Основниот суд Тетово, додека, по огласот објавен во Службен весник бр.112/23 беше избран уште еден судија во Основниот суд Битола, осум во Основниот граѓански суд Скопје, седум во Основниот кривичен суд Скопје и двајца во Основниот суд Струмица.

- Advertisement -
Ad image

Помеѓу судиите кои беа избрани во Основниот кривичен суд Скопје беше и судијата Кирил Георгиев, син на членот на Судскиот Совет, Наке Георгиев, кој утрово поднесе оставка од својата функција во Советот поради лични причини.

Share This Article