На 24.07.2023 во периодот од 13.30 до 16.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар на улица „18 Ноември“, булевар „Браќа Ѓиновски“, ул.„ЈНА“ и ул.„Борче Велјановски“ во Гостивар ги лишиле од слобода Е.А.(19), Л.Х.(20), З.А.(20) и еден малолетник, сите од Гостивар.
Тие се сомничат дека сториле шест тешки кражби во станови. Одземените предмети биле пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.