More

    Борбата со огнената стихија на четири фронта, најтешка на Родос

    spot_img

    Битката со пожарите во Грција продолжи денеска на четири главни фронта – на островите Родос, Крф и Евија и областа Дерванакија во Ахаја.

    На Родос, противпожарните единици се обидуваат да ги локализираат активните пожари, а од утрово продолжува гаснењето од воздух.

    Во моментов се ангажирани два авиони и три хеликоптери кои им помагаат на пожарникарите на копно, а нивниот број ќе се зголемува во текот на денот.

    Во тоа подрачје дува силен ветер кој особено ја отежнува работата на копнените сили и создава нови пожари.

     

     

    Се очекува најтешко да биде на Родос

    Денешниот ден се очекува да биде особено тежок за Родос, бидејќи според картата за предвидување на ризик од пожар издадена од Генералниот секретаријат за цивилна заштита во Грција, островот е на највисока состојба на готовност – петти степен.

    Жителите на населбите Генади, Вати, Масари, Малонас и Калатос вчера добија наредба да се евакуираат во безбеден правец, пренесува Катимерини.

    Според сателитски снимки од вселенската програма на ЕУ Коперник, обемот на штетата од шумскиот пожар во Родос е огромен, со уништени повеќе од 140.000 хектари.

     

     

    Евакуирани жители на Платанистос

    На Евија, во текот на ноќта во областа Каристос, беше испратено предупредување до жителите на Платанистос да се евакуираат во Каристос, а борбата против пожарите во источниот дел на островот продолжи.

    Потрагата по фармерот кој исчезна во неделата продолжи, но засега не дава резултати.

    Два авиони обезбедуваат воздушна поддршка на пожарникарите кои работат на копно во Каристос, додека други ќе бидат додадени во текот на денот.

    Пожарот сѐ уште гори на Крф

    Пожарот сѐ уште гори на Крф каде според противпожарната служба имало пожар во областа Палаја Перитија.

    Во гаснењето на пожарот се ангажирани силни копнени сили и четири авиони и хеликоптер, а се очекува тие да бидат засилени и со други воздушни средства.

    Малку подобрена е состојбата со пожарот во Дервенакија, Ахаја.

     

     

    За денеска се предвидува екстремен ризик од пожар

    Во текот на ноќта во клисурата Вураикос имало повеќе разгореници, кои и покрај тешкотиите кои постојат поради непроодноста на просторот, биле локализирани од страна на противпожарната единица која била во подготвеност во текот на ноќта.

    Според Картата за прогноза за опасност од пожар издадена од грчките власти, екстремен ризик од пожар – состојба на тревога (ризична категорија 5) се предвидува за регионот на Крит (Ретимно, Ираклион, регион Ласити) регионот на Јужен Егеј (регионот Родос), додека многу висок ризик од пожар (ризична категорија 4) се предвидува за неколку региони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img