Британската рок-ѕвезда Мик Џегер утре го слави својот 80. роденден

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британската рок-ѕвезда Мик Џегер утре го слави својот 80. роденден, но се чини, фронтменот на „Ролинг стоунс“ не покажува знаци на забавување. Тој има намера да го прослави роденденот со голема забава во југозападен Лондон.

Тој неодамна беше на турнеја низ Европа по повод 60-годишнината на бендот. Со песни како „Jumpin’ Jack Flash“, „Gimme Shelter“ и „Sympathy for the Devil“, рок-составот помогна да се активира културната и социјалната експлозија од 1960-тите и подоцна. Турнејата заврши лани, но без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.

Џегер беше подложен на операција околу срцевиот залисток во 2019 година, но и покрај тоа, енергичниот шоумен одржува блескава фигура и одлична форма со својот режим на трчање, кик-бокс, возење велосипед и јога.

Мајкл Филип – Мик Џегер е роден на 26 јули 1943 година во Дартфорд, јужно од Лондон, Англија. Почнал да свири со другарот од детството Кит Ричардс во 1960 откако ја откриле заедничката љубов кон блузот и го основале „Ролинг стоунс“ во 1962, којшто за кусо ќе се дообликува со Бил Вајман и Чарли Вотс. Џегер во меѓувреме се откажал од Лондонската школа за економија, а 1965 година составот го имал и првиот голем хит „(I Can’t Get No) Satisfaction“. Следеле низа евергрини, како „Brown Sugar“, „Honky Tonk Women“ и „Paint It Black“.

Share This Article