Уставниот суд денеска ќе ја одржи 29. седница во 9:30 часот со дневен ред на кој се предвидени четири иницијативи за оценување на уставност и законитост.
1.Реферат У.бр.12/2023
Оспорен: Член 128 став 4 од Законот за вонпарнична постапка
Подносител: Санде Пејоски
Од наводите во иницијативата:
Подносителот на иницијативата наведува дека оспорениот член е во спортивност со членот 30 од Уставот со кој се гарантира правото на сопственост и наследувањето и смета дека со примената на оспорената одредба се овозможува манипулирање со имотите на граѓаните и капиталот се прелева на располагање на поединци кои ги немаат тие права.
2.Реферат У.бр.65/2023
Оспорен: Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементирање на проектот за изградба на инфраструктурнит коридор 8 деница Тетово-Гостивор-Букочани и Требеништа-Струга-Ќафасан и коридорот 10-д делница Прилеп-Битола
Подносител на иницијативата: Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Од наводите од иницијативата:
Подносителот наведува дека номинирањето на еден субјект од страна на законодавецот претставува ограничување на субјектите за слободно настапување на пазарот и претприемништвото како клучни основи на стопанскиот систем утврдени со Уставот. Според наводите, оспорениот закон е во спротивност со владеењето на правото, слободата на пазарот и претприемништвото, одредби предвидени во Уставот.
3.Реферат У.бр.77/2023
Оспорен: Делот „за државните службеници“ од член 142 став 1 од Законот за лекови и медицински средства и член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Oд наводите во иницијативата:
Подносителот наведува дека од цитираната одредба од членот 142 став 1 од Законот за лековите и медицинските средства упатува на примена на пропис кој сметано од 13.02.2015 година не е повеќе во правниот промет.
4.У.бр.78/2023
Оспорен: Член 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Oд наводите во иницијативата:
Се наведува дека со оспорениот член се доведува до забуна, бидејќи измената која се прави со него а влегува во сила од 04.09.2015 година се изменува одредба со која ниту суштински, а ниту содржински се содржани зборови кои се заменуваат.