Еден од најдобрите НБА играчи и освојувач на прстен со Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ја шокираше Србија кога го откажа настапот за репрезентацијата на Светското првенство.
Српскиот центар се појави на прослава на која го прослави освоениот трофеј во коњички спортови.
НБА шампионот делуваше весело и се чинеше дека ужива во славјето. Ова се случува во моментот кога Јокиќ го откажа настапот за националниот тим летово од 25 август до 10 септември на Светското првенство.
Во групата, репрезентацијата на Србија ќе ги одмери силите со Порторико, Кина и Јужен Судан.