Африканската свинска чума беснее во Србија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Србија до денеска се потврдени 1.363 случаи на африканска свинска чума кај домашни свињи во 918 фарми во 30 општини, од кои 662 угинале, се наведува на порталот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, јави дописникот на МИА од Белград.

Еутанизирани се 11.840 свињи од различни категории, заедно со дезинфекција на домаќинствата.

За угинатите и убиените свињи предвиден е целосен паричен надоместок на сопствениците на животните под итна постапка во сите окрузи каде што се појавила чумата: Пчињскиот округ, Браничевскиот, Поморавскиот, Подунавскиот, Моравичкиот, Јужнобанатскиот, Борскиот, Среднобанатскиот, Зајечарскиот, Сремскиот, Белградискиот и во Шумадискиот округ.

Во 2023 година досега се потврдени вкупно 303 случаи на африканска свинска чума кај диви свињи на територијата на 24 општини Нишавската, Јабланичката, Пчињската, Пирот, Браничево, Поморавската, Заечарската и Градот Белград.

Министерството апелира до сопствениците на свињи секоја промена во здравствената состојба да ја пријават кај ветеринарот, со цел брзо дијагностицирање на болеста и преземање на сите неопходни мерки во најкус можен рок за да се спречи ширењето на болеста.

Африканската свинска чума е вирусно заболување со кое покрај Србија се бори и целиот регион и некои земји од Европската унија, а во Србија првпат е дијагностицирана во 2019 година.

Share This Article