Мицкоски вели дека не смее да останат мистерии зад политичарите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Станува збор за некаква политичка пресметка, смета Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ прашан за коментар за контадикторните податоци за сопственоста за опожареното возило кое се поврзува со вицепремиерот Артан Груби.

– Тоа го проследив во медуимите, можам да кажам дека секој ваков криминален чин треба детално да се истражи и сторителите, како и за сите други криминални чинови, треба да одговараат за стореното, без разлика чие возило е тоа, без разлика дали се однесува на опожарено возило или друг тип криминал. Тоа сепак е дел од криминалот. Претпоставувам во случајот станува збор за некаква криминална пресметка – рече Мицкоски по денешната средба со претставници на Стопанската комора на северо-западна Македонија.

Мицкоски потенцираше дека целиот случај треба детално да се истражи, сторителите да одговараат и дека јавноста има право да знае дали постои или не скриен имот кај вицепремиерот Груби.

– Но она што исто така излезе во јавноста беше дека во суштина возилото не било во сопственост на господинот кој што го споменавме, туку било во сопственост на некое дурго правно лица кое што во минатото се поврзува со некои други бизнис активности. Така што јас ги повикувам органите детално да го истражат овој случај. Се разбира сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, но исто така и поврзаноста на лицето кое што го споменавте со компанијата која што е сопственик на ова возило, очекувам во најскоро време да биде истражено и расчистено пред јавноста. Не смееме да оставаме таков вид мистерии позади нас особено бидејќи сме политичари кои што вршиме јавна дејност и јавноста има право да знае дали навистина постои скриен имот или не – додаде Мицкоски.

Share This Article