More

    Борбата меѓу конкуренцијата во рударскиот сектор води кон сѐ почести арбитражи

    spot_img

    На светските берзи енормно расте побарувачката за бакар, кобалт, литиум, силициум и цинк, минерали кои се од суштинско значење за зелената транзиција. Тоа резултира со зголемен број барања за дозволи за експлоатација на минерали, а со тоа се засилува и конкуренцијата меѓу магнатите во рударскиот сектор, анализираат познавачи на приликите во рударството.

    Иако со новите методи кои се користат за експлоатација на минерални суровини не е доведено во прашање здравјето на граѓаните, во светски рамки расте бројот на меѓународни арбитражи во рударскиот сектор. Светските експерти велат дека токму конкурентите интензивно ја користат политичката и правната несигурност во регионите богати со руда, за да предизвикаат несигурност и страв кај населението со лажни информации во врска со експлоатацијата на минерални суровини.

    Натпревар на суперсили во Гренланд – минералното богатство го направи островот геополитичко бојно поле

    Суперсили се натпреваруваат на овој остров ако се земат предвид неговите природни ресурси и стратегиската геополитичка локација. Еден од поголемите случаи од минатата година е арбитражната постапка која ја покрена рударската компанија со австралиски капитал „Гренланд Лимитед Минералс“ против Гренланд, односно регионот кој е под јурисдикција на Данска. Инвеститорот во 2010-тата година добил дозвола за експлоатација на минерални суровини во Кванефјелд, кое е второто најголемо наоѓалиште во светот на ретки оксиди и шестото најголемо наоѓалиште на ураниум. Дозволата за експлоатација била издадена од локалните власти во Гренланд.

    Во 2015-тата година пак, компанијата поднела барање за дозвола за ископ до владата на Гренланд. Но, рударството станало значајно прашање на изборите во Гренланд во 2021 година. Новата владина коалиција издала национална забрана за ископување ураниум, која всушност го блокирала развојот на рудникот. Па така, компанија нема гаранција дека дозволата за ископ ќе им биде издадена и поради правната несигурност покренала меѓународна арбитража против Гренланд и Данска.

    Од „Гренланд Лимитед Минералс“ инвестирале над 130 милиони долари во проектот Кванефјелд и бараат отштета, а проектот поминал низ ригорозна проценка на животната средина. Од Владата на Гренланд пак одговориле дека „со покренувањето арбитража, Гренланд Минералс избра да не ја почитува волјата на народот“.

    Случајот со меѓународната тужба на инвеститорот против Гренланд и Данска е само една од вкупно 40-те покренати минатата година од областа на рударството.

    Македонија се соочува со нова најава за меѓународна арбитража

    Македонија деновиве уште еднаш е исправена пред слични предизвици, по последните случувања поврзани со концесијата на Еуромакс ресоурсес од каде очекуваат „Владеење на правото и почитување на законите“.

    Македонија се соочува со нова најава за меѓународна арбитража, особено по предупредувањето од рудникот за бакар „Иловица-Штука“ до Владата, од која единствено се бара да се почитуваат законите во земјава и да се заштитат странските инвестиции согласно потпишаните договори. Неодамна од компанијата истакнаа дека доколку правдата не биде задоволена кај нас, тие ќе покренат спор во меѓународна арбитража.

    „Доколку увидиме дека по прашањето на нашата ивестиција повторно се напаѓа владеењето на правото како уставно загарантирана темелна вредност, тогаш ќе бидеме принудени да покренеме соодветна постапка пред Меѓународната арбитража во Вашингтон, САД. Првичните проценки се дека вкупните штети кои потенцијално ќе се наплатат од Буџетот на Северна Македонија изнесуваат повеќе од една милијарда евра, без пресметани камати“, соопштија од Еуромакс Ресоурсес.

    Во пресрет на најавеното ревидирање на Владата на одлуката за спојување на концесиите од компанијата побарале да се почитува владеењето на правото и да се извршат „правосилните Пресуди на Управниот суд: У-6.бр.575/2019 од 31.03.2020 година и У-6.бр.131/2023 година и Решението на Вишиот управен суд УЖ-2.бр.195/2022 од 09.02.2023 година, после кои донесена е и правосилната Пресуда на Управниот суд У-6.бр.131/2023 година за поништување на Одлуката на Владата за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина“. Според компанијата, постапката за спојување на концесиите може да продолжи, за што не постојат правни и фактички пречки.

    Што значи изгубена арбитража?

    Доколку компанијата бара правда пред меѓународите судови, тоа ќе ја чини државата штета од милиони евра. Искуството досега покажало дека надлежните функционери кои најчесто заради политички поени, раскинуваат Договор, не сносат никаква одговорност затоа што постапиле спротивно на закон. Најдебелиот крај ќе го извлечат граѓаните оти загубените арбитражи секогаш се плаќаат од државниот Буџет. Имајќи ја предвид праксата во изминатите години, Македонија речиси секогаш губи на меѓународните судови.

    Во моментов се активни три меѓународни арбитражи од рударскиот сектор

    Против Македонија во моментов се активни три меѓународни арбитражи кои се однесуваат на рударски проекти. Постапка е покрената од инвеститорите во одземената концесија за експлоатација на минерална суровина бакар, злато и сребро на локацијата Казандол во општина Валандово.

    Арбитражна постапка покрена и словенечкиот бизнисмен со македонско потекло, Блажо Тасев, за нефер третман во постапката за продажба на рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица во 2004 година.

    Арбитражна постапка беше покрената и од индиските државјани Гокул Бинани и Маду Бинани, сопственици на компанијата „Индоминерали“, за поведена стечајна постапка и одземена концесија на рудниците за олово и цинк „Злетово и Тораница“, во 2015 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img