Камион со дрва падна во канал во Радишани. За случајот известува Центарот за управување со кризи (ЦУК).
По увидот кој треба да го изврши полицијата, возилото ќе треба да биде извелечно и однесено во Агенцијата за управување со одземен имот.
„По информацијата добиена од дежурниот во ЦУК за паднат камион товарен со дрва во канал во Радишани и остварениот контакт со дежурниот во шумска полиција, добивме информација дека се запознаени со случајот, се во кординација со ПС Чаир и со полицијата вршат увид на самото место на несреќата со записник за истата. По завршениот увид од страна на шумската полиција возилото товарено со дрва ќе биде извлечено од каналот и транспортирано до Агенцијата за управување со одземен имот.