Невреме проследено со град го зафати регионот на Пробиштип.
Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видео снимки на кои се гледа дека невремето, кое се случило околу 17.30 часот, било проследено со силен ветер и град, а како што велат, траело кратко околу 5 до 10 минути.
УХМР претходно најави и силно невреме во Скопје, проследено со силен ветер до 70 километри на час.