На грчкиот остров Родос поради големиот пожар, досега, превентивно биле евакуирани околу 19.000 лица, туристи и локално население

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Според првичните процени на полицијата, на грчкиот остров Родос поради големиот пожар, досега, превентивно биле евакуирани околу 19.000 лица, туристи и локално население, објави грчката новинска агенција АНА-МПА  и коментира дека станува збор за најголемата акција за евакуација на жители и туристи што досега била спроведена во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Мнозинството од евакуираните, 16.000 лица по копнена пат со возила и автомобили биле пренесени на безбедни локации, а останатите 3.000 по морски пат, со чамци и бродови на крајбрежната служба, но и приватни и туристички.

Досега биле превентивно беа евакуирани 11 населени места, но и големи хотели.

АНА-МПА пишува дека според брзата помош и здравствениот центар на Родос, девет лица биле примени во болница со проблеми со дишењето и веднаш биле пуштени, а хоспитализирани се две лица, едно со скршеница по пад при евакуација на хотел и една 31-годишна бремена жена која е во добра здравствена состојба.

Паралелно, според истите информации на грчката новинска агенција, за подрачјата погодени од пожарот, тур-операторите издале наредба чартер- летовите да пристигнуваат празни за да се преземаат оние посетители кои сакаат да го напуштат островот.

Фото: МИА

Share This Article