Големата операција за спасување на луѓето од областа Киотари и Лардо на грчкиот остров Родос, каде петти ден по ред беснее огромен пожар, сè уште трае

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Големата операција за спасување на луѓето од областа Киотари и Лардо на грчкиот остров Родос, каде петти ден по ред беснее огромен пожар, сè уште трае! Локалните медиуми јавуваат дека со пожар биле зафатени три хотели, од кои две летувалишта веќе се евакуирани. Ќе има евакуации на четири места на островот.  Во Линдос веќе пристигнале првите автобуси со стотина туристи кои престојуваат во хотелите во околината, а полицијата соопштува дека на околу 15.000 луѓе им е наредена итна евакуација.

Акцијата за спасување се спроведува и од областа Лардо. Туристите се превезуваат со четири брода на крајбрежната стража и повеќе од 30 приватни пловни објекти, како и брод на морнарицата и хеликоптер на крајбрежната стража. На располагање е и еден туристички брод.

Над 1.500 лица, меѓу кои поголемиот број туристи се евакуирани во акцијата на крајбрежната служба на Грција што е во тек во источниот дел на грчкиот остров Родос, поради големиот пожар што од планината го промени правецот и се приближи до туристичките места, јави дописничката на МИА од Атина.

Според фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, ситуацијата е хаотична, а на секој можен начин, со бродови, чамци, возила, камиони, автобуси, луѓето се префрлаат на безбедни локации.

 

 

Масовната евакуација по воден пат од плажите ја води крајбрежната служба на Грција, со пет брода како и 30 приватни бродови и чамци, а дополнително кон островот се упатува и брод на воената морнарица.

Пожарот и понатаму е вон контрола, а пожарникарите се обидуваат огнените јазици да ги задржат подалеку од хотелите и домовите.

Заменик- градоначалникот на Родос Костас Тараслиас за грчката телевизија Алфа рече дека шумскиот пожар, активен веќе петти ден, го променил правецот и се насочил кон туристичките места, меѓутоа засега материјална штета на објекти или хотели.

- Advertisement -
Ad image

Паралелно објасни дека ќе постои информативен центар за туристите на англиски јазик. Според локалните медиуми од островот, во конкретниот дел има луксузни големи хотели.

Share This Article