More

    Зеленски вели дека целото оружје за руската војска стигнува преку Крим

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мостот „Керч“, што го поврзува полуостровот Крим со Русија „носи војна, а не мир“ и затоа е воена цел.

    Во експлозиите во понеделникот на мостот загинаа двајца цивили и онеспособен е дел од коловозот по него, што неодамна се врати во целосна функција откако беше тешко оштетен во сличен напад во октомври.

    Украина го поздрави нападот од понеделникот, но властите директно не ја презедоа одговорноста.

    Крим беше анектиран од Русија во 2014 година и Киев го сака назад бидејќи се бори против руската инвазија стара 17 месеци.

    Патничкиот и железнички мост, што е изградени од Русија и отворен за сообраќај во 2018 година „не е само логистички пат“, кажа Зеленски, обраќајќи се на безбедносна конференција во Аспен, САД, преку видео врска.

    – Тоа е рута што се користи за хранење на војната со муниција и тоа се прави секој ден. И го милитаризира полуостровот Крим – рече Зеленски.

    – За нас тоа е разбирливо непријателски објект изграден надвор од меѓународните закони и сите важечки норми. Значи, разбирливо, тоа е цел за нас. И целта што носи војна, а не мир, мора да биде неутрализирана – посочи украинскиот претседател.

    Одговарајќи на прашања од модераторот, Зеленски негираше каква било поврзаност меѓу нападот и повлекувањето на Русија, неделава, од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа.

    Русија, рече тој, од самиот почеток го блокира коридорот за жито.

    – Подоцна тие се повикаа на оваа ситуација околу Кримскиот мост – рече Зеленски.

    – Да не беше Кримскиот мосто, ќе најдеа друг пример, друга причина – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img